Адвокатска канцеларија Димитријевиќ


Стапи во контакт

За нас

Адвокатската канцеларија “Димитријевиќ” е основана во 1988 година од Адвокат Димитријевиќ Димитрија, кој со своето долгогодишното искуство допринесе за квалитетно толкување на правото,познат по многу добиени кривични, граѓански и управни спорови и несебичното споделување на своето знаење со помладите правници. Канцеларијата продолжи со професионално, транспарентно и ефикасно работење, заедно со неговиот син Димитријевиќ Александар кој со својата упорност, амбициозност и љубов кон правото, неуморно продолжува со истото темпо.

Адвокатската канцеларија Димитријевиќ е тим на квалификувани адвокати кои работат во повеќе правни области, докажани во своите области со импресивни достигнувања, секогаш спремни да ги решат сите проблеми кои ги засегаат нашите клиенти со професионална извонредност.

free Template by uicookies.com free Template by uicookies.com
Card image cap

Nullum crimen, nulla poena sine lege

Нема кривично дело и нема казна ако тоа не е пропишано со законите

Card image cap

Iuris praecepta sunt haec: honeste vivere, alterum non laedere, suum cuique tribuere

Прописни правила се: поштено да живееш, друг да не навредуваш, секому своето да го дадеш

Card image cap

Res judicata facit jus inter partes

Правосилната Пресуда создава право помеѓу странките

Card image cap

Justitia omni auro carior

Правичноста е поскапа од секое злато

Зошто ние

Кога ќе ангажирате адвокат од Адвокатска канцеларија Димитријевиќ, знаете дека имате адвокати кои се посветени на вашиот случај. Нашата адвокатска канцеларија располага со тим од адвокати докажани во својата област, кои се секогаш достапни на своите клиенти. Принципот на работа во нашата адвокатска канцеларија се темели на врвната професионалност, посветеност, совесност и одговорност која го дефинира начинот на кој работиме и го градиме нашиот однос со клиентите. За нас просечноста не е опција. Оттука и нашиот фокус кон клиентот: Ние слушаме. И слушаме...Разбирањето на потребите на клиентот е толку важно како и разбирањето на законите.

Делокруг на работа

Адвокатската канцеларија Димитријевиќ дава правна помош во сите области и континуирано работи во насока на обезбедување на висококвалитетна правна експертиза на нашите клиенти.

Трговско, деловно, корпоративно и трудово право

  • правен due diligence
  • финансиско и даночно право
  • царинско прав
  • консултантски услуги за домашни и странски трговски друштва
  • уписи и регистрации на трговски друштва во Централниот регистар на РМ
  • правна поддршка во деловното работење
  • присилна наплата на долгови
  • право на конкуренција
  • спојување (mergers) и преземање (acquisitions) на друштва
  • странски инвестиции
  • концесии, градежништво и јавно-приватно партнерство
  • застапување во спорови кои произлегуваат од работни односи

Граѓанско право и постапка

  • заштита пред судовите во Р.М. на домашни и странски правни и физички лица во граѓански спорови
  • семејно право
  • наследно право
  • облигациони односи
  • вонпарничка постапка

Управно право и постапка

  • заштита пред управните органи на домашни и странски правни и физички лица
  • обезебедување на сите видови поединечни правни акти, одобренија и дозволи
  • поведување на управен спор пред Управниот суд и други видови управно-судски постапки

Кривично право и кривично-правна заштита

  • поведување на кривична постапка на лицата кои биле жртва односно оштетени со сторувањето на определени кривични дела
  • подготовка на издржана и ефективна одбрана на обвинети лица
  • учество во сите стадиуми на кривична постапка, вклучително и истражната постапка
  • постапување во прекршочни предмети

Човекови права

  • поведување на иницијативи за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд на Република Македонија
  • поднесување на апликации и застапување во постапки против Република Македонија за повреди на Европската Конвенција за човекови права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Право на интелектуална сопственост

  • Авторски и сродни права
  • Интелектуална сопственост
  • Патенти
  • Конкуренција
  • Брендирање и трговски марки

Финансово право и финансии

  • банкарство и кредитирање
  • даноци и други јавни давачки

Меѓународно приватно право

  • застапување во меѓународни трговски арбитражи.

Адвокати

Адвокатите во Адвокатска канцеларија Димитријевиќ се гордеат со тоа што се преземаат сите начини на подготовка и анализа за да се осигураат дека вашите права се заштитени и да ги добијат најдобрите можни резултати.Често, како резултат на таа подготовка, вашите проблеми може да се решат без потреба од судење.

-->
Александар Димитријевиќ

Мобилен телефон: +38970332422

Емаил: advokatdimitrijevic@hotmail.com

Мобилен телефон: +38978218138

Емаил: lawyerdianapetkoska@gmail.com

Мобилен телефон: +38978208451

Емаил: nela_gjorgi@hotmail.com

Стапи во контакт

  • Електронска пошта advokatdimitrijevic@hotmail.com
  • Телефонски број +38922037717
  • Мобилен број +38970332422
  • Адреса ул.8-МА УДАРНА БРИГАДА бр.31 ВЛЕЗ 1 стан 5 (старата зграда на ФФМ)